Поврзете се со нас

Лига Европа

Мурињо: Играњето на вештачка трева не е фудбал

Објавено

на

Рома се подготвува за гостувањето кај ХЈК во Финска, а Жозе Мурињо ги предупреди своите фудбалери имајќи го предвид непријатното искуство од дуелот со Бодо во Норвешка.

Составот од Хелсинки исто така игра на стадион со вештачка трева, па токму подлогата е нешто што најмногу го плаши тренерот на „волчицата“.

– Останувам на ставот дека играњето на вештачка подлога не е фудбал, туку некој друг спорт. Секој кој игра на ваква подлога има предност, а ние не се прославивме на досегашните две гостувања во вакви услови, посебно не со оној историски пораз, – рекол Мурињо алудирајќи на поразот со 6:1 од Бодо.

– Сепак, не сакам да излезе дека плачам поради ова, ќе мора да се адаптираме и да се обидеме да дојдеме до победата.

– Потребна ни е победа и знам дека нема да биде лесно, но и противникот ќе има тешкотии со нас, бидејќи не сме дојдени на одмор, – изјавил Мурињо.

Рома е на третото место во групата со три бода помалку од Лудогорец и мора да победи за да остане во игра за следната фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни