Поврзете се со нас

Англија

Му се чуди на новиот газда: Ѕвезда на Челси не може да го сфати отказот кој го заработи Тухел

Објавено

на

Тод Боли се обиде да објасни дека отказот на Томас Тухел има многу поголема позадина од тоа што беше пренесено во јавноста, односно нагласи дека разделбата не се должи на резултатите, туку на различните гледишта кои ги имал германскиот стручњак со новите раководни структури.

Радикалната одлука на американскиот бизнисмен со врачување на отказ на Тухел ја изненади цела англиска јавност, но шокиран останал и Каи Хаверц кој сега е првата ѕвезда која јавно потенцира дека не можел да се изначуди на одлуката на клубот, особено поради фактот што каков фудбал разви Томас во Челси во изминатите 18 месеци.

– Морам да бидам искрен и да кажам дека и јас бев изненаден како цела јавност. Особено поради тоа што како играше тимот во изминатите година, година и половина и што се успеавме да освоиме.

– Со оглед на тоа што сме шести на табелата, не може да се зборува за разочарувачки старт на сезоната, уште повеќе поради новите лица кои дојдоа во првиот тим и на кои им е потребна адаптација. Но, фудбалот е таков, работите брзо знаат да се одвиваат и секакви работи се менуваат во експресно време.

– Сега добивме нов тренер и морам да кажам дека ми остави многу добар впечаток за старт. Мислам дека ќе имаме добар период и со него како предводник на тимот, – вели Хаверц во интервјуто за „Кикер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни