Поврзете се со нас

Македонија

Мојсов: Ќе дадам се за остварување на амбициите на клубот, посакувам позитивен старт на сезоната

Објавено

на

Тимот на Брегалница од оваа сезона одново ќе го гледаме во најсилната фудбалска конкуренција во нашата земја, па клубот од Штип донесе неколку квалитетни имиња со кои би требало да се престави во најдобро светло во натпреварувачката 2020/2021.

Најзвучно име дефинитивно е поранешниот македонски репрезентативец, Даниел Мојсов кој одлучи да се врати на домашната сцена и за свој клуб ја избра Брегалница.

-Се чувствувам одлично во тимот на Брегалница, клуб кој очигледно е поставен на едно навистина високо ниво. Дојдов тука како дополнително би допринел за остварување на амбициите на клубот. Желбата на сите нас се успешни настапи во првата сезона по враќањето на тимот во елитата, и без залетување освојување на што поголем број бодови. Но, треба да се остане цврсто на земја, трпеливо и без еуфорично залетување затоа што е јасно дека во Првата лига има голем број екипи со повеќе од сериозен квалитетм, -истакна Мојсов кој кратко проговори за неделниот меч против Шкупи.

-Посакуваме добар натпревар на отворањето на сезоната пред нашите навивачи. Желбата е да се дојде до позитивен резултат, иако знаеме дека Шкупи е навистина квалитетна екипа. Но, од друга страна минавме добри подготовки и ги знаеме нашите цели. Свесни сме дека мора да се дадеме максимумот ако сакаме позитивен старт на сезоната, свесни сме дека мора со заеднички сили на терен да атакуваме на бодовите во текот на целата сезона, -порача стоперот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни