Поврзете се со нас

Англија

Мојс за пропаднатата можност да го ангажира Лингард: Оле уште веднаш ми кажа дека…

Објавено

на

Стратегот на Вест Хем, Дејвид Мојс пред натпреварот со Манчестер Јунајтед во рамките од петтото коло од англиската Премиер лига се осврна и на Џеси Лингард, фудбалер кој ја мина минатата полусезона токму меѓу „чеканите“.

Лингард во Лондон остави одличен впечаток и веднаш го привлече вниманието на неколку премиерлигаши, а најупорен во намерата да го ангажира на перманентна основа беше токму Вест Хем.

Сепак, Дејвид Мојс сега истакна дека иако тие се обидувале да го ангажираат подолг период уште веднаш знаел дека трансферот нема да се реализира откако Солскјер лично му кажал дека ќе смета на Лингард за оваа сезона.

– Оле ми објасни дека сака да го задржи во своите редови, па прилично рано знаев дека тој ќе остане во Манчестер Јунајтед.

– Ги слушав и читав сите работи кои излегуваа во медиумите, но јас имав приватни разговори со Оле кој ми потврди дека тој ќе остане во клубот, -изјави Дејвид Мојс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни