Англија
Мојс пред средбата со Манчестер Јунајтед откри дека добил порака од Сер Алекс Фергусон

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс откри дека пред извесен период Сер Алекс Фергусон лично му напишал порака за да му честита за работата која ја врши со тимот на Вест Хем.
„Чеканите“ оваа сезона се во врвот на првенствената табела, а денеска ги очекува натпревар против Манчестер Јунајтед чиј предводник извесен период беше Дејвид Мојс.
Токму поради периодот поминат во Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс доби низа критики и по заминувањето од „Олд Трафорд“ никако не можеше да си ја врати репутацијата. Сепак, сега со работата која ја работи во Вест Хем луѓето повторно почнаа со почит да гледаат кон сега веќе 57 годишниот стратег.
– Не треба да се бранам самиот. Жал ми е за луѓето кои зборуваат така, јасно е дека тие имаат недостаток од интелектуалност. Сите мора да се докажуваат како менаџери, во некои ситуации, не оди баш како што сакате, а јас се нафаќав на многу тешки работи.
– Не жалам за периодот во Манчестер Јунајтед, но заминувањето од Евертон беше токму една таква тешка ситуација. Кога си заминав сфатив колку добар тим бил Евертон и колку блиску биле луѓето таму. Стигнавме и до четвртото место со нив, но потоа не добив финансиска поддршка за да го продолжам тој пат, -изјави Мојс, а потоа се осврна и на односот со Сер Алекс Фергусон.
– Тој беше многу добар со мене кога бев во Јунајтед. Да се замени Фергусон е огромна чест. Секогаш беше тука да ви подаде рака, да ви даде чаша вино, а ако ви требаше за да му телефонирате или нешто сосема друг, тој секогаш беше подготвен за повикот, -изјави Мојс кој откри и дека Фергусон му упатил честитки пред неколку дена за добрата работа која ја работи со „чеканите“ во овој момент.

- Англијапред 24 часа
Овен и Бербатов согласни: Ливерпул нема да го победи Јунајтед во дербито на колото во ПЛ
- Италијапред 21 час
Лацио го доби големото дерби, Ана го исполни ветувањето и се соблече гола (ФОТО)
- Англијапред 22 часа
Салах: Кој ќе ја освои титулата во Англија? Ситуацијата е…
- НБАпред 23 часа
Адетокумбо постави анти-рекорд, Лејкерс дојде до петтата победа во низа (ВИДЕО)
- Одбојкапред 18 часа
Одбојкарите повторно покажаа „спартанско срце“: Македонија ја надигра Турција и се пласираше на ново ЕП!
- Светски првенствапред 17 часа
Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет
- Светпред 18 часа
Дешамп: Тоа што го изјави Бензема е неприфатливо, никогаш нема да му простам!
- Светски првенствапред 16 часа
Лазаров по убедливиот пораз од Египет: Не очекував ваков резултат