Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ со една реченица му помогнал на Реал Мадрид да обезбеди важен трансфер

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид последен се вклучи во битката за турскиот талент Арда Ѓулер, но се чини дека сега е најблиску до потписот на фудбалерот на Фенербахче.

Шпанските медиуми тврдат дека „кралскиот клуб“ успеал да го надитри и најголемиот ривал Барселона, а дел од нив пренесоа дека важна улога во добивањето на зелено светло од самиот фудбалер имал и Лука Модриќ.

Ветеранот кој веројатно ќе ја одигра последната сезона во дресот на Реал имал телефонски разговор со Ѓулер и во него му посочил дека следното лето ќе може да ја преземе и неговата „десетка“.

– Јас заминувам следното лето и сакам тебе да ти ја оставам „десетката“, – наводно му порачал Модриќ на Ѓулер и помогнал Реал да го добие потписот на турскиот тинејџер.

Трансфер сумата нема да биде проблем за Реал, бидејќи Ѓулер ќе пристигне за само 20 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни