Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Младиот голман на Динамо Киев правеше чуда на голот, Меси, Фати и компанија тешко наоѓаа решение за него (Видео)

Објавено

на

Тимот на Динамо Киев пружи солиден отпор против Барселона и беше поразен само со 2:1 на тешкото гостување во Каталонија.

Најзаслужен за тесниот пораз е младиот, 18 годишен голман на тимот, Руслан Нешерет кој блескаше меѓу стативите на „Камп Ноу“.

Нешерет е трет голман на Динамо Киев и ова беше само негов втор натпревар оваа сезона на кој се покажа навистина фантастично.Голманот се најде во првиот тим откако првите двајца голмани на киевскиот клуб се позитивни на Ковид-19.

18 годишниот чувар на мрежата собра 12 интервенции од кои повеќето беа спектакуларни и сигурно спречија погодок на Барселона. За издвојување е онаа по слободниот удар на Лео Меси која сигурно ќе се врти и на најавните шпици.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни