Поврзете се со нас

Лига на нации

Миовски: Не постои подобро чувство од постигнување гол за националниот тим

Објавено

на

Бојан Миовски го одбележа својот прв настап во стартниот тим на македонската фудбалска репрезентација на најдобар начин, постигнувајќи гол со кој се чини и рано ја потврди победата над Гибралтар во Лигата на нации.

Нашиот напаѓач по средбата во Скопје не криеше дека е пресреќен поради првиот погодок во националниот тим (влијаеше и на уште еден погодок, но тој официјално е запишан како автогол на Тореира), изразувајќи надеж дека и натаму можеме да се бориме за првото место во групата.

– Го почнавме добро натпреварот, дадовме гол во третата минута, по што беше полесно за нас. Постигнавме четири гола за 30 минути, а во второто полувреме селекторот направи повеќе замени и нашата игра малку падна.

– Да се постигне гол за националниот тим е најубавото чувство за секој фудбалер. Среќен сум што дадов гол, но најмногу за победата. Додека има математички шанси за првото место во групата ќе веруваме, ќе се бориме до крај, ќе дадеме се од себе за победи на последните две средби и да се надеваме и на кикс и на Грузија, – изјави Миовски по убедливата победа над Гибралтар.

Македонија заостанува три бода зад Грузија, а ќе ги игра последните и решавачки натпревари во септември, најпрвин на гостински терен во Грузија, а потоа и како домаќин против Бугарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни