Поврзете се со нас

Лига на нации

Милевски се пожали по високиот пораз од Грузија: Овие услови се нехумани!

Објавено

на

Македонија одигра еден од најлошите натпревари во последните неколку години и заслужено загуби од Грузија во второто полувреме, период од играта во кој нашите фудбалери комплетно се „исклучија“ и дозволија лесни голови за гостите од Тбилиси.

Недостигот на клучни играчи како Адеми, Ристовски и Костадинов и акумулираниот замор синоќа посебно дојдоа до израз на арената „Тодор Проески“, па иако Благоја Милевски џентлменски ја честиташе победата на ривалот, не пропушти да се обрати и за повредите кои според него се последица на нехуманите услови во кои се игра овој нов циклус во Лигата на нации.

Периодот на одигрување сериозно беше доведен во прашање поради фактот што штотуку завршија сезоните во домашните првенства, но згора на се, играчите се принудени да одиграат четири меча во десет дена. Последен тест за Македонија е Гибралтар на натпревар кој се игра в недела, селекција која ја победивме на гостински терен пред неколку дена.

– Елмас почувствува болка во препоните и побара замена, а Барди инсистираше да остане докрај. Познавајќи го неговиот карактер, не сакаше да излезе иако играше на мускули.

– Трајковски се повреди, Ристовски исто е заморен и поради тоа беше заменет. Искрено, ова што се случува е лудило, да одиграте четири натпревари за десет дена е нехумано. Момците беа на високо ниво еден час и немам забелешки. Жалам што загубивме и мора да му честитаме на противникот, – изјави Милевски за повредените фудбалери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни