Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски направи една промена: Ова е составот со кој ќе тргнеме против Исланѓаните (ФОТО)

Објавено

на

Македонија од 18 часот го пречекува Исланд во клучниот меч од квалификациите за Светското првенство, меч на кој сами си ја кроиме судбината, решаваме за втората позиција која како што е познато води во баражот за мундијалот во Катар.

Селекторот Благоја Милевски како и неговиот колега Арнар Видарсон веќе ги открија картите и познати се почетните состави за битката на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Секако далеку поважен е нашиот тим, состав во кој Милевски направи една промена од тимот кој пред неколку дена ја прегази Ерменија во Ереван (5-0).

Имено по одлежаната суспензија се враќа капитенот Стефан Ристовски кој влегува на местото на Стефан Ашковски.

На голот е Димитриевски, пред него се Ристовски, Муслиу, Велковски и Алиоски, средината ќе ја покријат Барди, Костадинов, Елмас и Чурлинов, додека најистурено ќе бидат Трајковски и Милан Ристовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни