Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Ако Македонија изгледа вака во иднина, јас ќе бидам многу среќен!

Објавено

на

Македонија не успеа да слави и на вториот пријателски меч во овој репрезентативен термин или поточно Црна Гора беше подобра од нашата селекција на пресметката во Анталија со 1-0 со голот што го постигна Стеван Јоветиќ.

Македонија загуби од Црна Гора на вториот тест во Анталија (ВИДЕО)

„Црвено-жолтите“ имаа проблеми со реализацијата со Молдавија (1-1), додека пак денеска упативме само два удари во рамките на голот на Шаркиќ.

Меѓутоа без разлика на резултатот, селекторот Благоја Милевски е задоволен и смета дека националниот тим е на добар пат.

-Ако Македонија изгледа вака во иднина, зборувам за играта, јас ќе бидам многу среќен. Секако не можеме да бидеме задоволни од резултатот кој е најважен, ама не и на вакви контролни натпревари. Црна Гора освен при голот, не упати ниеден удар кон нашиот гол.

-Доминиравме, посебно во првото полувреме, се што побарав од фудбалерите беше комплетно исполнето. Има проблеми при бранење на прекини, корнерите, се обидовме да го промениме, игравме еден вид на зона. Се случуваат грешки и ќе мора да работиме и понатаму. Ова беа одлични проверки, од кои ќе имаме многу полза во иднина и мислам дека сме на добар пат, -порача селекторот Милевски.

Следните натпревари за Македонија се против Хрватска и Чешка во месец јуни.

Бакиќ: Македонците се квалитетни, но ние имавме подобри шанси и победивме

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни