Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија загуби од Црна Гора на вториот тест во Анталија (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонската А фудбалска репрезентација доживеа пораз од Црна Гора од 1-0 на вечерашниот натпревар што се одигра на стадионот „Мардан“ во Анталија.

Иако желбата и целта беше да се покажаме во подобро издание од дуелот со Молдавија и да оствариме победа, целта не ја остваривме иако можеби и не заслуживме да загубиме ако се погледне комплетниот меч.

Ова беше типично балканско соочување во кое имаше доста борба, а одлучи едно наше невнимание во завршницата на првото полувреме. По корнерот во 45 минута, капитенот на Црногорците, Јоветиќ ја смести топката во мрежата на Димитриевски.

Тоа воедно беше единистевниот шут во рамките на голот на Црна Гора што доволно говори, додека пак избранците на Милевски имаа два обиди кога се работи за оваа статистичка категорија.

Наредните два теста за нашата селекција се во месец јуни кога ќе им гостуваме на Хрватска и Чешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни