Поврзете се со нас

Германија

Милер по дебаклот на Баерн: Првпат доживувам ваков срам

Објавено

на

Баерн Минхен прими пет гола на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах и со катастрофален пораз го заврши настапот во германскиот куп.

Баварците одамна не доживеале ваков пораз, а епилогот е неочекуван и поради фактот што настапија со силен состав.

Искусниот Томас Милер како и вообичаено зборувал искрено по натпреварот.

– За време на цел натпревар не најдовме можност да го запалиме моторот на Баерн. Можеме само да им се извиниме на навивачите и да му честитаме на противникот.

– Со исклучок на Нојер, сите одигравме катастрофално, никогаш не сум доживеал ваков срам. Мора да продолжиме напред, во сабота имаме нов натпревар, – изјавил Милер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни