Поврзете се со нас

Италија

Милан нема да може да смета на капитенот до крајот на сезоната

Објавено

на

Милан славеше над Сасуоло со 2-1 и ја продолжи позитивната серија на резултати во Серија А, но дуелот на „Мапеи“ донесе и неколку повреди, лоши вести за „росонерите“.

Некоку играчи мораа предвреме да го завршат натпреварот, а меѓу нив беше и капитенот Алесио Ромањоли за кого најверојатно оваа кампања е завршена.

-Ромањоли се здоби со повреда на мускулот што најверојатно го отпишува за мечевите до крајот на сезоната. Жал ми е за тоа затоа што добро играме и Алесио со голем квалитет ја играше секоја минута во сезоната, -истакна тренерот Стефано Пиоли кој проговори и за ситуацијата со Андреа Конти.

-Конти има проблем со коленото, повеќе ќе знаеме во следните часови, -порача Пиоли.

„Црвено-црните“ во трите завршни кола ќе играат со Аталанта, Сампдорија и Калјари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни