Поврзете се со нас

Италија

Милан го „тресна“ Лацио на „Олимпико“ и ги израдува фановите во Торино (Видео)

Објавено

на

Милан се бори за излез во Европа без никакви шанси да се пласира во Лигата на шампионите, па токму поради тоа, никој не очекуваше оваа вечер да го преслуша Лацио на начинот на кој го направи тоа на најголемото фудаблско здание во престолнината.

Лацио кој направи два пресврта на последните два меча немаше можност за ново вакво сценарио, иако Милан навистина беше тимот кој прв поведе на „Олимпико“ со голот на Чалханоглу во 23-та минута.

„Росонерите“ се прикажаа во навистина сериозно издание со Златан Ибрахимовиќ во стартната постава, а токму Швеѓанецот зголеми на 0:2 пред крајот на првиот дел со силен удар од пенал кој едвај заврши зад грбот на Стракоша.

Вториот дел започна на начин како што можеше само да посакаат фановите на Милан, бидејќи Анте Ребиќ мирно реализираше по точната асистенција од Бонавентура, погодок со кој апсолутно беше скршен отпорот на Лацио кој немаше своја ноќ на домашен терен.

Овој пораз на Лацио дефинитивно најмногу ги израдува фановите на Јувентус кои ја слават предноста од плус седум бода на табелата, но интересно е тоа што во следното коло италијанскиот првак ќе игра токму против Милан кој делува разиграно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни