Поврзете се со нас

Италија

Михајловиќ за загубената магија за слободни удари: Никогаш не сум имал…(ВИДЕО)

Објавено

на

Сегашниот тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ засекогаш ќе остане запаметен како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари, играч чие што име е на врвот на листата на стрелци во историјата на Серија А кога е во прашање оваа категорија.

Михајловиќ заедно со Андреа Пирло го држат рекордот на погодоци од прекини со по 28 голови, додека пак на третата позиција е Алесандро Дел Пјеро со 22 голови. Токму Дел Пјеро му постави интересно прашање на Синиша, зошто денеска не се даваат толку голови од прекини кога правилата се многу појасни, има и спреј кој на точно растојание го држи живот ѕид.

-Во нашете време, со вакви живи ѕидови, ќе дадевме голови со затворени очи. Дури 15 години по пензионирањето, се уште можам да се појавам на тренинг и да дадат повеќе голови од слободен удар од сите играчи.

-Потребно е страст и време да останете по тренингот, да изведувате слободни удари, да се предизвикувате. Ние останувавме затоа што тоа го сакавме. Тренирам веќе 15 години, а никогаш не сум имал играч кој дошол кај мене и ми кажал дека ќе остане за да вежба слободни удари. Секогаш сум требал тоа да го потенцирам, бидејќи нема тоа само да дојде за време на натпреварите, мора да вежбате, -порача јасно и директно Михајловиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни