Поврзете се со нас

Италија

Михајловиќ: Настапив на „Санремо“ за да ги задевам српските пејачи

Објавено

на

Синиша Михајловиќ изминатите денови имаше настап на легендарниот музички фестивал „Санремо“, а откако ја забавуваше италијанската јавност заедно со Златан Ибрахимовиќ, сега се концентрира на утрешниот нов настап на Болоња во Серија А.

По поразот од Калјари на Сардинија, неговиот тим сега го пречекува Наполи на домашен терен, а српскиот стручњак се надева на добро издание.

– Поразот од Кајлари повеќе ме разочара од што бев лут поради загубените бодови, имаме многу млади фудбалери и веројатно е очекувано да имаме падови во играта.

– Против Лацио бевме супериорни, а три дена подоцна не успеавме да го повториме тоа издание против послаб тим. Против Наполи сакам да го видам тимот кој играше против Лацио, но не најмногу во однос на резултатот, туку во однос на желбата за победа и однесувањето на теренот, – изјавил Михајловиќ.

Истовремено, новинарите го прашал и како гледа на својот настап на „Санремо“.

– За мене беше интересно, а и посебна чест да настапам на фестивалот. Го направив тоа за да ги задевам српските пејачи кои ми се пријатели. Јас не пејам, но за разлика од нив, стигнав до „Санремо“, – рекол тренерот на Болоња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни