Поврзете се со нас

Франција

Меси тргна во опасна контра, навивач влета на теренот и ја прекина акцијата (ВИДЕО)

Објавено

на

Олимпик Марсеј и Пари Сен Жермен одиграа без победник во дербито во Лига 1, меч кој воедно беше последен во ова 11. коло.

Ова беше средба на која немаше премногу возбудувања, паднаа два гола во првиот дел, меѓутоа истите со помош на ВАР беа поништени поради офсајд ситуации. Во вториот дел Хакими заработи директен црвен картон, па „светците“ очекувано повеќе беа фокусирани да го одбранат својот гол, отколку да го загрозат оној на домаќините кој го бранеше Лопез.

Меѓутоа во 73 минута се отвори контра за гостите која ја предводеше Меси, контра која можеше да биде многу опасна, ама истата не можеше да се заврши, комплетира затоа што од трибините на теренот влета навивач кој со трчање стигна до Аргентинецот.

Играта беше прекината, обезбедувањето регаираше и го изнесе натрапникот надвор од тревникот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни