Поврзете се со нас

Светски првенства

Меси со емотивно писмо се обрати како светски шампион, го спомена и големиот Марадона (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси доживува незаборавни моменти со своите соиграчи од Аргентина кои денеска беа пречекани како национални херои, прослава која се уште слави и се очекува да трае до крајот на денот.

Новите светски прваци доживуваат пречек за паметење и веќе се појавија првите видеа од реките фудбалските фанови кои предизвикаа лудило во Буенос Аирес, но додека трае прославата, Меси се јави со нова објава на Инстаграм, социјална мрежа која нависитна често ја користи во изминатите 48 часа.

Лео постави рекорд со првата објава по освоеното Светско првенство и истиот направи историја на Инстаграм, но добар потенцијал има и најновото емотивно писмо во кое го споменува и Диего Марадона.

– Од Грандолија до Светското првенство во Катар минаа речиси 30 години. Тоа се близу три децении во кои топката ми донесе многу радости. Секогаш сонував да бидам светски првак и не сакав да престанам да се обидувам, дури и во ситуација кога знаев дека тоа може никогаш да не се случи.

– Овој трофеј кој го освоивме е и за сите оние кои не успеаја во претходните Светски првенства, особено за оние од 2014-та година во Бразил кога заслуживме да го освоиме златото во тоа проклето финале. Исто така, овој трофеј е и за Диего кој не поддржуваше од небото, како и за сите оние кои редовно ја финасираа репрезентацијата кога не одеше како што сакавме.

– И секако, овој трофеј е на оваа убава група и од стручниот штаб и сите други луѓе во репрезентацијата кои работат и анонимно за да ни ги олеснат работите. Многупати неуспехот е дел од учењето, а без разочарување не може да дојдете до успех. Ви Благодарам од срце, одиме Аргентина, – гласи писмото на Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни