Поврзете се со нас

Франција

Меси подготви „слатка одмазда“ за навивачите на ПСЖ, неговиот потег го ископира и Нејмар (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Последниот натпревар на „Паркот на принцовите“ означи и крај на сезоната за ПСЖ, а тоа требаше да претставува и збогување на Лионел Меси со клубот за кој настапуваше изминатите две години.

За жал, приказната заврши онака како што се очекуваше, односно на доста непријатен начин и во атмосфера која само потврдува дека Аргентинецот воопшто не се пронајде себеси во француската престолнина.

Навивачите на ПСЖ жестоко го исвиркаа Меси пред неговиот проштален меч, а му се потсмеваа и кога промаши еден зицер во вториот дел, потези кои го натераа Аргентинецот да приреди одмазда по крајот на мечот.

Имено, играчите на ПСЖ го добија и пехарот за освоената титула во Лига 1, но Лео одлучи да не го одработи почесниот круг и воопшто да не ги поздравува навивачите во Париз.

Истиот потег го повлече и Нејмар, кој го ископира својот добар пријател и се провлече од толпата за да се упати кон соблекувалната. Лео сигурно си оди од Париз, а големи шанси има истото да се случи и со бразилската ѕвезда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни