Поврзете се со нас

Франција

Меси ја презентираше Златната топка на „Паркот на принцовите“ (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси ја презентираше Златната топка, престижна награда која ја доби неодамна на церемонијата оджрана во Париз.

Фудбалерот на ПСЖ во понеделникот се закити со ова признание откако ја победи конкуренцијата составена од Роберт Левандовски, Карим Бензема и Жоржињо.

Аргентинецот доби посебна најава на „Паркот на принцовите“ и со овации беше испратен од гледалиштето кога излезе да ја искаже својата благодарност за освоениот трофеј, седми ваков во кариерата.

Освен Меси, на центарот на теренот беше присутен и Џанлуиџи Донарума кој пак ја доби наградата за најдобар голман изминатата сезона.

Инаку, ПСЖ вечерва го пречекува тимот на Ница, а добитниците на наградите очекувано се во првиот тим на францускиот гигант.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни