Поврзете се со нас

Свет

Мелсунген ја прекина победничката серија на Вецлар и Миркуловски

Објавено

на

Ракометарите на Мелсунген ја прекинаа победничката серија на Вецлар, тим за кој веќе неколку години настапува нашиот репрезентативец Филип Миркуловски.

Мелсунген го остави на страна разочарувањето од Купот на Германија и во својот дом се избори за славје од 30-28. Како клучно се покажа првото полувреме во кое домаќините беа подобри за два гола со 17-15.

Блескаше Кастенинг со девет голови од исто толку обиди, кај поразените пак прво име беше Рубин со осум погодоци. Ветеранот Миркуловски одигра без грешка и даде два гола од исто толку шутеви кон противничкиот гол.

Вецлар со 36 бода се наоѓа на 9 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни