Поврзете се со нас

Англија

Мегваер нема намера да го напушти Јунајтед: Ќе продолжам да се борам…

Објавено

на

Хари Мегваер не е во прв план во Манчестер Јунајтед во оваа сезона, па се некако погласно и погласно се говори за негово заминување од „Олд Трафорд“.

Неговото име пред неколку дена се поврзуваше со Астон Вила, легендарниот Рио Фердинанд исто му даде совет да го напушти Јунајтед со оглед на тоа што веќе како стопер почна да игра и Лук Шо, меѓутоа англискиот репрезентативец засега не размислува да ја смени клупската средина.

„Токспорт“: Манчестер Јунајтед ќе го испрати капитенот во премиерлигашки ривал

Фердинанд со жесток предлог до капитенот: Оди си од Јунајтед, да бев на негово место…..

-Имав некои здравствени проблеми по враќањето од Светското првенство во Катар. Сега се чувствувам добро. Имаме добри стопери во тимот, конкуренцијата е силна, а јас ќе продолжам да се борам – изјави Мегваер, кој на 158 натпревари за „црвените ѓаволи“ има постигнато седум погодоци.

Тој е врз со англискиот великан до 30 јуни 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни