Поврзете се со нас

АТП

Медведев одигра меч на кариерата и спречи тениска историја од Ѓоковиќ!

Објавено

на

Данил Медведев е сензационален шампион на Ју-Ес Опен, откако оваа вечер излезе како победник во мечот во кој играше против Новак Ѓоковиќ, но и против цела публика на „Артур Еш“ стадионот, која на моменти беше и навистина непристојна кон рускиот тенисер.

Медведев ќе остане запаметен како тенисерот кој го спречи Ѓоковиќ да направи историски подвиг, бидејќи светскиот рекет број еден остана на само една победа од календарски грен слем, односно обединување на сите четири грен слем титули во една година. Србинот славеше на финалињата на Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, но не го повтори тој успех и во Њујорк, иако влезе како апсолутен фаворит на завршниот меч.

Популарниот Медо без никаков сомнеж го одигра најдобриот меч во својата кариера, бидејќи имаше перфектен меч од почеток до самиот крај, со исклучок на претпоследниот сервис гејм кога потпадна под притисокот од навивачите.

Медведев ги доби првите два сета со 6:4 и 6:4 и фуриозно поведе со 2:0 играјќи вонсериски тенис, а во третиот при водство од 5:2, ја имаше првата меч топка. Во тие моменти, Медведев доби свирежи од публиката и во продолжение го загуби првиот сервис гејм во мечот, но потоа не погреши во вториот обид.

При 5:4, Медведев го задржа својот сервис и со идентични 6:4, 6:4 и 6:4 стигна до својата прва грен-слем титула во кариерата, но истовремено режираше и огромно разочарување во Њујорк. Како никогаш претходно, Ѓоковиќ имаше максимална поддршка во финалето и поради тоа се раслака пред почетокот на последниот гејм во мечот, но емоциите не му помогнаа да направи нов брејк за враќање.

Во моментите на голема екстаза, Медведев ја прослави победата на свој карактеристичен луд начин, откако претходно загуби во две финалиња на грен слем турнирите, последното од Новак на почетокот на оваа година. За него е ова прва грен слем титула, а Новак останува израмнет со вечните ривали Федерер и Надал со по 20 трофеи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни