Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мбапе се најде во составот на ПСЖ за реваншот против Сити

Објавено

на

Францускиот напаѓач, Килијан Мбапе се најде во составот на Пари Сен Жермен за реваншот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Мбапе поради повреда го пропушти лигашкиот меч против Ленс кој во саботата се играше на „Паркот на принцовите“, но како што стојат работите одморот добро му дошол и ќе му биде на располагање на тренерот Маурисио Покетино за утрешната битка на „Итихад“ каде „светците“ ќе бркаат негатива од 2-1.

Од поважните имиња Покетино нема да може да смета на суспендираниот Идриса Геј како и на веќе подолго повредениот Хуан Бернат.

Сите останати се тука и ќе се обидат да му донесат второ финале во низа на Пари Сен Жермен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни