Поврзете се со нас

Франција

Мбапе не успеа да постигне гол по страшен пас на Меси, погледот на Ал Келаифи ја опиша мизеријата на ПСЖ (Видео)

Објавено

на

ПСЖ е сигурен лидер во Лига 1 и најверојатно лесно ќе ја освои титулата во недостиг на вистинска конкуренција, но јасно е дека тимот од француската престолнина игра доста лош фудбал, нешто што се покажа и денеска.

Баерн Минхен ја покажа реалната слика за ПСЖ и само покажа дека „светците“ се уште не се дораснати за Европа, а денеска фановите на „Паркот на принцовите“ доживеаја непријатен шок и во домашното првенство.

Рен успеа да профитира од својата цврста и ефикасна игра и победи на гостувањето со резултат 0:2, натпревар на кој огромното незадоволство со фацијални експресии го презентираа првиот човек Ал Келаифи и директорот Луис Кампос.

Мечот почна со голема шанса на Килијан Мбапе кој не реализираше по еден страшен пас од Лео Меси, по што во продолжение следеше голема казна од Рен.

Тото Екамби постигна гол во најдобар момент пред крајот на првиот дел, а вториот удар за ПСЖ следеше во второто полувреме, односно на самиот старт.

Калимуендо погоди во 48-та минута, а во прв план се најдоа бесниот поглед на Ал Келаифи и нервозниот Кампос кој се фаќаше за глава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни