Поврзете се со нас

Германија

Матеус со свој коментар за кризата во Баерн: Кан направи одличен потег

Објавено

на

Баерн Минхен се најде во невообичаена криза поради резултатите во домашното првенство, а со тоа пристигнаа и многу критики на сметка на фудбалерите и тренерот Јулијан Нагелсман.

Сепак, клупската легенда Лотар Матеус смета дека Нагелсман не е виновен за ситуацијата и треба да продолжи со својот ангажман.

– Јулијан е вистински избор за Баерн и добро е што Оливер Кан застана во негова одбрана по поразот од Аугзбург. Тоа беше одличен потег и нешто што му беше најпотребно на Нагелсман.

– Сигурен сум дека ќе ги најде вистинските зборови кои ќе треба да им ги каже на фудбалерите, нема да биде лесно, но Баерн мора да постигнува подобри резултати по паузата.

– Ако Нагелсман го извлече тимот од кризата и Баерн игра како на дуелите со Лајпциг и Ајнтрахт, за кратко сите ќе зборуваат за екипата на поинаков начин, – вели Матеус.

По паузата, Баерн ќе треба да игра против Баер Леверкузен, Плзен и Борусија Дортмунд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни