Поврзете се со нас

Италија

Мартинез: Многу сме среќни, покажавме дека целиме кон нешто многу важно

Објавено

на

Екипата на Интер се избори за победа над Торино со 2-1, а човек на одлука беше аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез.

Лаутаро успеа да погоди со глава во 85 минута и со тоа да му донесе три бода на својот тим, три бода со кои клубот од Милано направи уште еден чекор кон освојување на пехарот во Серија А.

-Знаевме дека на Торино му беа потребни овие бодови, но ни беа потребни и на нас. Беше тежок натпревар, но успеавме да победиме и многу сме среќни. Тренираме секој ден да ги правиме вистинските работи. Поинаку се подготвувавме за овој натпревар. Денес ни беа потребни квалитет, срце и душа. Денес покажавме дека целиме кон нешто важно.

-Ние сакаме да победиме, не е важно кој ќе даде гол. Важно е да се затресе мрежата, среќен сум што постигнав гол, -истакна Мартинез кој проговори и за продолжувањето на договорот, нешто што го најави минатиот месец.

-Работиме на тоа, Интер има проблеми, ама мора да продолжиме да работиме. Ќе видиме што ќе се случи, јас сум смирен, -заврши напаѓачот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни