Свет
„Марка“: Роналдо ќе стане најплатен играч на сите времиња со нестварниот договор кој го има на маса!

Кристијано Роналдо во интеврјуто со Пирс Морган потврди дека одбил понуда вредна повеќе од 300 милиони евра во изминатиот летен преоден рок, а цела јавност е добро упатена во тоа дека стануваше збор за понуда испратена од Саудиска Арабија.
Иако операцијата не се склучила пред пет-шест месец, како што стојат работите оваа земја ќе биде следната дестинација на Роналдо, барем тоа го тврди угледната „Марка“ која утрово излезе со страшни бројки повразани за договорот кој треба да го потпише Кристијано.
Португалецот во февруари ќе наполни 38 години и ниту еден клуб од Европа нема да ги исполни неговите големи финансиски барања, но Ал Наср подготвил понуда која не може да се замисли ниту на сон.
Саудискиот клуб ќе го направи Роналдо најплатен играч на сите времиња со договорот кој треба да трае две и пол години, а кој ќе му гарантира 200 милиони евра по сезона.
Во оваа сума ќе бидат вклучени годишната плата и сите маркетинг обврски кои ќе ги има за промоција на фудбалот во Саудиска Арабија, што според „Марка“ е повеќе од доволно за да биде потпишан по крајот на Светското првенство.
Од фудбалска гледна точка, јасно е дека оваа понуда не е доволно атрактивна, но финансискиот дел дефинитивно ќе го надополни се она што недостасува како играчки предизвик.
-
Светпред 18 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 18 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 19 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 9 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 19 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти