Европски првенства
Манчини со прва реакција откако дозна дека е во иста група со Македонија

Роберто Манчини смета дека Италија добила прифатлива група во квалификациите за Европското првенство во 2024-та година, од едноставна причина што бил сигурен дека актуелните бранители на титулата ќе добијат еден ривал од Англија и Франција.
Патиштата на Италија и Англија постојано се вкрстуваат во последно време и сега одново во два наврати ќе ги одмерат силите во квалификациите за континенталниот собир, но многу важни за поредокот ќе бидат и резултатите кои ќе ги остварат против Македонија, Украина и Малта.
На италијанските новинари посебно внимание им привлече Македонија како селекција која го приреди последното најголемо разочарување за „аѕурите“, па побарана бил и коментар од Манчини околу пресметките со „рисовите“.
– Бев убеден дека ќе ни се падне некој од Англија и Франција, но тоа е во ред и навистина го очекував. Според мене, ова е прифатлива група од пет селекции. Неам да има ниту еден едноставен меч, ќе мора да се оди со максимални напори.
– Македонија? Тие ни покажаа дека такви натпревари можат да се случат одвреме-навреме во фудбалот. Го дознавме тоа во Палермо и затоа мора да одиме максимално на сите натпревари, дури и со најлесните противници, – изјави Манчини.
-
АТПпред 16 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 13 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 15 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Англијапред 12 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
НБАпред 14 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
НБАпред 15 часа
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид потврди уште едно засилување за новата сезона
-
Англијапред 13 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)