Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед не се откажува и во јануари ќе се обиде да го донесе фудбалерот на Барселона

Објавено

на

Познатиот италијански новинар, Фабрицио Романо истакна дека Манчестер Јунајтед нема да се откаже од намерата да ја засили офанзивната линија и дека во јануари ќе тргне по едениграч на Барселона кого го посакуваше и во летниот преоден рок.

Станува збор за францускиот интернационалец, Усман Дембеле  за кој Манчестер Јунајтед ќе испрати понуда за позајмица во јануарскиот преоден рок.

23 годишниот фудбалер беше предмет на интерес на „ѓаволите“ и летоска, меѓутоа тогаш Барселона, а и самиот играч не се согласија за негов премин на „Олд Трафорд“.

Сега кога Дембеле увиде дека минутажата ќе му е ограничена, во присусво на Ансу Фати во тимот, веројатно ќе размисли уште еднаш дали да ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед кој му нуди стартно место во првите 11 на десната крилна позиција.

Дембеле ќе сака константност во својата игра со цел да го убеди Дидие Дешамп да го поведе со себе на Европското првенство што ќе се одржи следното лето, па тоа им дава за право на луѓето во Манчестер Јунајтед да се надеваат дека ќе го обезбедат неговиот потпис во јануари.

Дембеле ги започна последните три натпревари за Барселона во Ла Лига откако Ансу Фати заработи повреда која ќе го оддалечи од терените извесен период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни