Поврзете се со нас

Лига Европа

Манчестер Јунајтед ја растури Рома и со една нога е во финалето, Вилјареал славеше над Арсенал (Видео)

Објавено

на

Екипата на Манчестер Јунајтед е речиси сигурен патник во финалето од Лига Европа откако со убедливи 6:2 славеше на домашен терен против Рома со 6:2.

„Ѓаволите“ одлично го започнаа мечот со ран гол кој го постигна Бруно Фернандеш и со кој навестија дека ќе бидат подобар тим на теренот. Сепак, Рома потоа ја стабилизираше играта и со два гола преку Лоренцо Пелегрини и Един Џеко стигна до пресврт и водство од 2:1 со кое се замина на полувреме.

Во вториот дел на теренот постоеше само Манчестер Јунајтед кој покажа дека е поквалитетен тим од Рома и со пет гола постигнати преку Бруно, Кавани кој стрелаше два пати и Погба и Гринвуд стигна до недостижна победа пред реваншот во Рим кој на програмата е за седум дена.

Вилјареал и Арсенал сосема спротивно од натпреварот на „Олд Трафорд“ одиграа тврд натпревар без многу шанси, но со три гола.

„Жолтата подморница“ го искористи домашниот терен и со предност од 2:1 ќе патува на гостувањето во Северен Лондон следната недела. Вилјареал водеше со 2:0 со головите постигнати од  Ману Тригерос и Раул Албиол. Арсенал до намалување на резултатот и далеку поповолен исход стигнаа со голот на Пепе кој беше прецизен од белата точка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни