Поврзете се со нас

Македонија

Манасков ќе го носи дресот на Бутел

Објавено

на

РК Бутел продолжува да го формира тимот за наредната сезона, а најновото потврдено засилување е Мартин Манасков.

Манасков се враќа во главниот град по трите години минати во ГРК Охрид. Ова за бекот ќе биде прво искуство во овој прволигаш, претходно беше дел од Металург, Вардар Јуниор и Тинекс Пролет.

-Среќен сум што потпишав за Бутел Скопје, тоа е клуб со високи амбиции и лесно беше да одлучам. Со повеќето играчи имам играно и добро се познавам, се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на клубот и дека ќе имаме успешна сезона, -порача Манасков кој потпиша договор на една сезона со опција за уште една година.

Мартин е трето засилување за Бутел по Стефан Крстевски и Филип Николов, додека нови договори освен тренерот Кристијан Грчевски потпишаа Стефан Стојчевиќ, Владимир Јевтиќ и Томче Стојановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни