Италија
Малдини прецртал тројца играчи на Милан за да добие повеќе пари за трансфери

Милан ќе има многу поголема одговорност и поголем притисок како актуелен италијански првак, а иако се крена голема фама околу новите сопственици, како што стојат работите, раководството издвоило околу 50 или 60 милиони евра за нови фудбалери.
Тоа изгледа премалку во модерниот фудбал во кој европските великани трошат по толку само за еден играч од светска класа, па поради суровата реалност, Паоло Малдини решил да прецрта тројца играчи од кои очекува да заработи и да дојде до сума од 100 милиони евра за трансфери.
„Тутоспорт“ открива дека Малдини ставил на трансфер листата тројца играчи од шампионскиот тим, а тоа се Анте Ребиќ, Алекси Салемакерс и Блао Туре.
Според информациите, целта на директорот е да успее да придобие уште 40 милиони евра од продажбата на тројцата фудбалери, па со побогат буџет да започне во поход кон нови играчи кои посериозно ќе го засилат тимот.
Малдини се покажа како навистина добар оперативец во последните две-три години, но негов следен предизвик ќе биде со 100 милиони евра да купи нов стопер, нов дефанзивен играч за врска, офанзивен фудбалер за врска и крило, позиции кои се посочени како круцијални од страна на луѓето кои го водат спортскиот проект.
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 15 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 22 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 19 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Светпред 24 часа
Мајсторија во негов стил: Дончиќ со магична асистенција одново го воодушеви кошаркарскиот свет (ВИДЕО)