Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонските кадети со втора убедлива победа до полуфинале на ЕХФ шампионатот во Рига

Објавено

на

Македонските ракоменти кадети ја остварија и втората убедлива победа на ЕХФ шампионатот во Рига и си обезбедија пласман во полуфиналето.

Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ денеска беа подобри од Косово со 39:16 и на најдобар начин го најавија дуелот со домаќинот во третото коло.

Македонија уште на полувреме водеше со 21:11, а во продолжението продолжи да ја полни мрежата на противникот за конечни 39:16.

Петковски со 9 гола повторно беше најдобар стрелец во нашиот состав, го следеа Узунчев и Димковски со по 5 погодоци, додека одлично издание на голот имаше Галевски.

Последниот дуел од групната фаза против Летонија го играме во четврток од 15 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни