Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонските девојки загубија од Норвешка и го освоија осмото место на ЕП во Скопје

Објавено

на

Македонската кошаркарска женска репрезентација до 20 години го заврши со пораз Европското првенство кое се одржуваше во Скопје и на тој начин го освои осмото место на турнирот во нашата престолнина.

Во мечот во кој селекторката Антиќ влезе без три клучни стартерки, јасно беше дека Македонија ќе има тешка задача против Норвешка, па борбата за седмото место им припадна на скандинавките.

Покрај Цветковска, Антиќ не можеше да смета ниту на Игњатова и Салиу, па со девет кошаркарки на располагање беше невозможно да им се парира на Норвежанките.

Македонија загуби со 77:45 и го завршува турнирот во Скопје како осмопласирана селекција на Европското првенство од Б дивизија, додека Норвешка заврши како седма во конечниот ранг.

Вчера нашите младинки загубија од Германија, селекција која убедливо губи во дуелот со Грција во битката за петтото место на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни