Поврзете се со нас

Шпанија

Македонски навивач ја запроси девојката на „Камп Ноу“, младите добија аплаузи и овации (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона оствари рутинска победа над Елче (3-0) во мечот кој минатиов викенд се одигра на „Камп Ноу“, меч кој воедно беше посебен за една македонска двојка која во живо го проследи натпреварот.

Познатиот македонски јутјубер, Стефан Лазаров одлучи на полувреме да ја запроси неговата девојка Марта која ова не го очекуваше. Во прв момент таа изгледаше збунето, но потоа кажа „Да“ за аплаузи и овации на публиката која беше присутна на тој дел од трибините.

Овој гест на Лазаров дојде и до клупската телевизија на Барселона која издвои неколку минути за овој специјален момент на двојката од Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни