Поврзете се со нас

Одбојка

Македонија немоќна против Холандија без капитенот Ѓоргиев во тимот

Објавено

на

По двете стартни победи и планираниот пораз од Полска, Македонија го запиша и вториот неуспех на европскиот шампионат кој се игра во Скопје, откако попладнево загуби од селекцијата на Холандија.

Пред стартот на натпреварот пристигна најлоша вест од медицинскиот тим и Никола Ѓоргиев отпадна во последен момент, па во негово отсуство работите станаа уште потешки.

Македонија пруши отпор и парираше во два од трите сета, но на крајот загуби со 3:0 со резултат 19:25, 19:25 и 16:25 и сега ќе се насочи кон дуелот со Чешка кој ќе одлучува за распоредот на табелата.

Александар Љафтов беше најрасположен без капитенот Ѓоргиев на теренот и запиша 14 поени, но тоа сепак не беше доволно за да се загрози селекцијата во која Абдел Азиз беше најефикасен со 15 поени.

Утрешниот меч против селекцијата на Чешка ќе биде многу важен за нас, бидејќи со победа ќе завршиме како трети во групата и ќе го избегнеме светскиот шампион, селекцијата на Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни