Поврзете се со нас

Свет

Македонецот со лекција за противниците: Давидовски победи на виртуелната ТЦР трка во Золдер

Објавено

на

Во моменти кога се чека официјалниот старт на сезоната во ТЦР Европа, возачите се обидуваат да останат во форма и од својот дом, такашто се приклучуваат на организираните виртуелни трки кои претходно ги гледавме и во Формула 1 и останатите мото спортови.

Последната виртуелна трка во ТЦР Европа привлече внимание поради успехот кој го оствари македонскиот возач, Виктор Давидовски, кој откако за првпат употреби симулатор, успеа да избие на чело на поредокот во силна конкуренција.

Македонскиот возач досега се натпреваруваше без врвна технологија, но во првото искуство со симулатор на официјална виртуелна трка, Давидовски успеа да победи на втората трка на патеката Золдер.

Даниел Наѓи од Унгарија победи на првата трка на патеката Золдер во Белгија, додека втората беше резервирана за македонскиот автомобилист кој претставувајќи ја својата Хонда беше недостижен за противниците. На втората трка, фаворитот Наѓи имаше инцидент на стартот, по што Давидовски имаше чист пат и немаше посериозна опасност.

По 14 извозени круга, Македонецот пристигна прв на целта, а зад него за три секунди задоцнување мина Жил Магнус, додека 10 секунди доцнеше Лука Филипи.

Инаку, стартот на возбудувањата во ТЦР Европа се закажани за месец август, започнувајќи со првата трка во Ле Кастелет, Франција од 21 до 23.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни