Поврзете се со нас

Евролига

Макаби закажа четвртфинале со Панатинаикос, Басконија и Виртус ќе го дадат последниот патник во плејофот

Објавено

на

Foto:twitter.com/MaccabiTLVBC

Макаби покажа класа во првиот меч од плеј-инот во Евролигата и во еден атрактивен меч го надигра тимот на Басконија, а со самото тоа си го осигура седмото место во Евролигата.

Израелскиот тим играше во Белград и беше домаќин само на хартија, но квалитетот дојде до израз и Макаби славеше со 113:85 во натпревар кој не беше баш неизвесен.

Со тоа, израелскиот претставник го освои седмото место и си договори дуел со Панатинаикос во плејофот, додека последниот патник во оваа фаза ќе го дознаеме од завршниот меч во плејинот.

За порзената Басконија не е се црно и ќе може да дојде до плејофот со победа на натпревраот против Виртус, тим кој вечерва направи изненадување и победи во Истанбул против Анадолу Ефес.

Кошаркарите од Болоња славеа со 64:67, па сега во директен дуел со Баскониај ќе решаваат за последниот патник во плејофот, кој за противник ќе го има Реал во првата рунда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни