Поврзете се со нас

Лига Европа

Мајсторија и кандидат за гол на сезоната: Педро го „поздрави“ Рамздејл од пола терен (Видео)

Објавено

на

Спортинг Лисабон на втор меч по ред се покажува како тврд орев за лидерот во Премиер лигата, бидејќи Арсенал доби одговор за погодокот кој го постигна во првиот дел.

По ремито од 2:2 во Португалија, Спортинг денеска прими погодок во првиот дел од Гранит Џака, но по еден час игра успеа да се врати и да израмни на 1:1.

Начинот на кој гостите стигнаа до израмнување брзо направи погодокот да стане вирален хит на социјалните мрежи, бидејќи станува збор за гол кој ќе биде кандидат за гол на сезоната.

Педро Гонсалвес покажа неверојатна умешност и генијалност во 62-та минута, но демонстрираше и лукавост бидејќи успеа да го „поздрави“ Рамздејл од пола терен.

Само што ја мина линијата која ги двои двете половини на теренот, Педро испрати неверојатно прецизен шут, кој беше доволно добар за да се изненади голманот на Арсенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни