Поврзете се со нас

Формула 1

Луис Хамилтон и дефинитивно донел конечна одлука за својата иднина: Наскоро става потпис на ултра богат договор

Објавено

на

Актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон ја вози последната година од својот договор со тимот на Мерцедес со кој стигна до огромни успеси во минатото.

Веќе подолг период беше неизвесна неговата иднина и тоа каде тој би можел да продолжи, но сега, како што одминува времето работите стануваат појасни.

Англискиот медиум „Дејли Мејл“ пренесува дека Хамилтон има начелен договор со Мерцедес за продолжување на соработката за уште дополнителни три сезони.

Според новиот договор, Хамилтон ќе заработува по 40 милиони фунти по сезона што значи дека за три години ќе инкасира високи 120 милиони фунти.

Дека работите се движат во позитивен правец неодамна потврди и човекот кој го донесе Хамилтон во Мерцедес, а сега извршува директорска позиција во Ф1, Рос Браун.

– Според сите најави Мерцедес размислува за нов договор со него кој ќе трае три години, -кратко изјави Рос Браун.

И Хамилтон во последно не криеше дека сака да остане во тимот со кој во последните шест години освои пет титули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни