Поврзете се со нас

НБА

„Loyalty never fades away“: Дирк е вечен-Новицки доби статуа пред домот на Далас (ВИДЕО)

Објавено

на

Дирк Новицки остави голема трага во НБА лигата и тоа носејќи го дресот на само еден клуб-тоа е Далас Маверикс.

Тој повеќе од две децении (21 година) беше дел од клубот од Тексас на кој му го донесе и најголемиот успех во историјата, шампионската титула во 2011 година. Новицки има статус на легенда, икона, неговиот број беше повлечен од употреба, а денеска тој доби и статуа (споменик) пред „Американ Ерлајнс Центарот“.

На истата стои порака „Loyalty never fades away“ (Лојалноста никогаш не згаснува (бледее)).

-Тоа е 21 буква за моите 21 години овде, -рече Дирк.

Уметникот Омри Амрани е автор на статуата, една од неколкуте што ги направи во чест на НБА легендите како Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Вилт Чембрлен, Џери Вест, Карим Абдул-Џабар и Шекил О’Нил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни