Свет
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!

Герет Бејл режираше трансфер како слободен агент во Лос Анџелес, но сепак неговиот ангажман нема да биде комплетно бесплатен, а причина за тоа е чудното и необично правило во МЛС лигата.
Поради правилото за фер игра во американската најсилна лига, кога еден клуб ја добива трката за еден ист играч мора да исплати отштета кај вториот кој исто така бил заинтересиран за Бејл, а во случајот тоа е клубот на легендарниот Дејвид Бекам.
Во своето официјално соопштение, Лос Анџелес потврди дека првично договорот на Бејл е потпишан во времетраење од 12 месеци и истиот може да биде продолжен до 2024-та година, но се говорир и за точката поврзана за Интер Мајами.
Лос Анџелес нема да исплати ништо во касата на Реал Мадрид поради тоа што на Бејл му истече договорот со „кралевите“, но поради правилото за трансфер еднаквост во Америка, ќе мора да го обесштети Бекам со 75 илјади долари.
Герет пристигнува во Лос Анџелес за вториот дел од сезоната, а нови соиграчи ќе му бидат Карлос Вела и Џорџо Кјелини кој исто така пристигна како слободен агент.
-
Пливањепред 22 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 23 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Светпред 20 часа
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Де Хеа инсистирал да направи интервју со „Скај“ за да го опише ужасниот ден на Јунајтед (Видео)
-
Репрезентацијапред 14 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 23 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 13 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)