Поврзете се со нас

Италија

Лофтус-Чик: Уживам во новата улога, Милан има…

Објавено

на

Милан полесно од очекувањата ја доби пресметката со Рен (3-0) во Лига Европа или поточно победата од 3-0 го става во многу добра позиција за пласман во осминафиналето на ова натпреварувања.

Лофтус-Чик како Кака, Милан со сигурна партија на чекор до осминафиналето во ЛЕ (ВИДЕО)

Во фокусот се најде Рубен Лофтус-Чик кој беше автор на два гола и со тоа ја продолжи извонредната форма, поточно потврди дека одлично се снаоѓа во новата улога во формацијата 4-2-3-1.

-Работев на тоа да стигнам до вистинската позиција за гол и сега добро ми оди. Сум играл во различни улоги во средниот ред, но ова е позиција во која уживам додека сум поблиску до голот. Се трудам да уживам на теренот и се чувствувам слободен кога играм сега. Тајната е само во тоа што сум во добра физичка форма. Имав проблеми пред неколку месеци со таа повреда, но сега се чувствувам подобро и се надевам дека вака ќе продолжам. Мојот личен рекорд е 10 гола во сезона, па ќе видиме,  -истакна Лофтус Чик кој смета дека тие како група имаат квалитет да го освојат трофејот во ЛЕ.

-Имаме квалитет да го освоиме овој трофеј, но мораме да одиме натпревар по натпревар. Вечерва беше неверојатно. Беше важна победа, но ние сме само на половина пат, -заклучи англискиот интернационалец.

Сега за „росонерите“ следи гостување кај Монца, па реваншот со Рен во Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни