Поврзете се со нас

Лига Европа

Лофтус-Чик како Кака, Милан со сигурна партија на чекор до осминафиналето во ЛЕ (ВИДЕО)

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш Милан убедливо го совлада Рен и е на добар пат да обезбеди пласман во осминафиналето на Лига Европа.

Клубот од Милан го одбрани домашниот терен и со чиста победа од 3-0 се доведе во одлична позиција пред реваншот во Франција кој е на програмата на 22 февруари.

„Росонерите“ го имаа расположениот Лофтус-Чик кој е првиот играч на овој тим по Кака (2007 година) кој успеал да даде два гола во нокаут фаза на натпреварувањата кои се под капа на УЕФА. Летното засилување стрелаше во 32 и 47 минута, а конечниот резултат го постави Леао во 53 минута.

Бенфика пак со гол во судиското продолжение го доби Тулуз со 2-1, Ланс и Фрајбург одиграа без голови, додека Брага беше шокирана од Карабах на нејзин терен (2-4).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни