АТП
Љубичиќ: Ѓоковиќ и Надал не можат да се споредуваат со Фeдерер во еден важен аспект

Иван Љубичиќ беше при самиот тениски врв во својата професионална кариера и ги победуваше најдобрите тенисери во светот, но по крајот на оваа авантура, доби шанса да биде тренер на еден од најдобрите играчи во историјата на спортот.
Хрватот беше тренер на Рожер Федерер во последните неколку години на Швајцарецот на АТП турот, па откако тенискиот магионичар од Базел реши да се повлече на крајот на минатата година, дел од јавноста почна да тргнува настрана од дебатата „најголем на сите времиња“.
Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ го надминаа неговиот рекорд од 20 освоени грен слем титули и за многумина ова е најважно мерило за да се биде најдобар тенисер во историјата, но не и за Љубичиќ кој смета дека Ноле и Рафа не можат да бидат ниту блиску до Рожер кога е развојот на тенисот во прашање.
Хрватот смета дека тенисот добил ваква популарност само поради Федерер, кој поради влијанието кое го имаше, се прокламираше и во првиот тенисер во историјата кој станал милијардер.
– Дебатата за најголем на сите времиња не може да се гледа само низ призмата „освоени грен слем титули“. Рожер веќе не е најуспешен ако се гледа тоа. Најголем и најуспешен не се исти поими, тоа е сосема различно. Ако за некој тоа се исти поими, тогаш нека мисли така. Ако се гледа и влијанието кое Рожер го имаше за спортот, Надал и Ѓоковиќ не се ниту блиску до Федерер, не можат да се носат со него во тој важен аспект, – вели Љубичиќ.
-
Англијапред 20 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 17 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 22 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 19 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 13 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)