Поврзете се со нас

Франција

Лион се збогуваше со легендарниот претседател, Бен Арфа ја шокираше јавноста со својата порака

Објавено

на

Лион ги постигна најголемите клупски успеси под водство на претседателот Жан Мишел Ола, а тој ќе го напушти клубот по повеќе од три децении.

„Лекип“ пренесува дека иако првичниот план бил Ола да биде претседател на францускиот клуб уште три години, новите сопственици решиле порано да направат промени во раководните структури.

Лион објави соопштение во кое му се заблагодари на Ола за придонесот во освојувањето на многу трофеи изминатите децении, а дел од поранешните фудбалери испратија пораки со кои го истакнаа неверојатниот претседателски мандат на Ола.

Спротивно од нив, Хатем Бен Арфа, го „поздрави“ досегашниот претседател на Лион во свој стил, поради што очекувано заработи и многу критики во јавноста.

– Нема да му недостасуваш на фудбалот. Збогум, – напишал Бен Арфа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни