Поврзете се со нас

Англија

Лингард со порака до фановите на Јунајтед: Ова навистина боли!

Објавено

на

Џеси Лингард направи голема грешка во финишот на судиското надополнување на дуелот меѓу Јанг Бојс и Манчестер Јунајтед, а домаќините ја претворија истата во погодок за победа над фаворитот.

Лингард ги налути фановите на Јунајтед со својот потег, а уште повеќе поради фактот што менаџерот Оле Гунар Солскјер го внесе во игра на местото на Кристијано Роналдо.

Самиот фудбалер призна дека му е навистина тешко поради грешката во пораката која синоќа ја испрати преку социјалните мрежи.

– Претходната ноќ беше навистина болна. Секогаш кога го облекувам дресот, се надевам дека луѓето сфаќаат колку ми значи.

– Секогаш сакам да го направам најдоброто за тимот, фановите и клубот. Вознемирен сум поради мојот удел во поразот, но мора да продолжиме напред, – напишал Лингард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни