Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски избра тим од четири легенди, двајца се Французи (ВИДЕО)

Објавено

на

Роберт Левандовски не успеа да се запише во листата на стрелци во својот прв официјален меч во дресот на Барселона, па ќе мора да почека некоја друга шанса за тоа со тоа што првата наредна можност е мечот со Реал Сосиедад.

Во меѓувреме Полјакот преку официјалниот јутјуб канал на каталонците го привлече вниманието со неговиот избор на тимот од четири легенди. Напаѓачот имаше можност да избере голман, дефанзивец, играч од средината на теренот и напаѓач, а во одбраното друштво тој се реши да стави двајца француски асови.

Тука се Бартез и Анри, плус Пујол и поранешниот германски репрезентативец Швајнштагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни